ПОВЕЌЕ

    СТОПАНСКА КОМОРА: Примената на Кодексот за котација на Берза да започне од 2023-та

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанската комора во иницијатива потпишана од компании кои се котирани на берзата апелираат Кодексот за котација на Берза да се применува од пролетта 2023 година, односно со вградување на соодветната Изјава во годишните извештаи за работа за 2022 година.

    Стопанската комора заедно со компаниите кои се котирани на берза сметаат дека во сегашните услови на криза треба да се одложи примената на кодексот за котација на Македонска берза.

    „Компаниите со своето потпишување на заедничка иницијатива, го потврдуваат фактот дека консултација со бизнис заедницата во делот на почеток на нејзината примена не е извршена и укажуваат дека работат во исклучително тешки услови на стопанисување, во услови на здравствената, економската и енергетската криза, која наметнува огромни активности и дејствиа насочени кон одржување на нивната деловна активност, односно насочена кон одржување и зголемување на нивната конкурентност, продуктивност, настап на странски пазари и сл. и повеќе од потребно е да им се овозможи и излезе во пресрет на оваа иницијатива“ ,се вели во барањето на Комората.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично