Имајќи ги предвид продолжените ефекти од ковид-кризата, а врз основ на регулаторните измени донесени од страна на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 1.9.2020 година, Стопанска банка а.д. Битола нуди втора поволна промена на договорните услови – одложена отплата на кредитните обврски за кредити на физички лица со времетраење од 6 (шест) месеци, заклучно со 31.3.2021.
Оваа понуда важи за физички лица кои заклучно со 29.2.2020 немале доспеани ненаплатени обврски ниту нефункционални побарувања во Банката, биле класифицирани во А, Б или В ризична категорија или, пак, биле одобрени во периодот од 01.03.2020 до 24.03.2020 година, а се соочуваат со посериозни последици од ковид – кризата, односно само за оние кредитокорисници и/или со нив поврзани лица и/или кокредитокорисниците кои исполнуваат еден од подолу наведените критериуми:
a. Изгубено работно место во период на ковид-кризата
b. Намалени месечни примања во периодот на ковид-кризата
c. Нередовни приходи во периодот на ковид-кризата
d. Зголемени трошоци за лекување предизвикани од ковид-кризата
Сите клиенти кои сметаат дека ги исполнуваат критериумите за промена на договорни услови, треба во рок од 10 дена да достават БАРАЊЕ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПОНУДА ЗА ПРОМЕНА НА ДОГОВОРНИ УСЛОВИ на маил адресата на банката [email protected] или во било која од експозитурите на Банката со избор на еден (или повеќе) од наведените критериуми.
Барањата ќе се разгледуваат на индивидуална основа врз основа на презентирани документи и доставени докази. Сите барања за одложена отплата на обврските ќе се процесираат најдоцна до истекот на важност на Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Сл.Вес.бр.80 од 27.03.2020 и Сл.Вес.бр.125 од 15.05.2020).
Сите клиенти кои ќе ја прифатат понудата за промена на договорни услови, можат во било кое време истата да ја отповикаат и да продолжат со редовна отплата на обрврските. За отповикување на прифатената понуда задолжително треба да достават писмено барање на маил адресата на банката [email protected] или во било која од експозитурите на Банката.