Стопанска банка-Скопје на граѓаните им нуди пролетна промотивна понуда за нејзините кредитните производи. Понудата на промотивните кредити трае до 31 јули годинава. Граѓаните што ќе се одлучат да ја искористат промоцијата треба само да го одберат производот кој најмногу им одговара и потоа да поднесат апликација во една од филијалите на банката или 24/7 на www.alokredti.mk или преку АлоКредит на (02)15110.
Ова се кредитите кои се на промоција во наредните месеци:
ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ
- фиксна каматна стапка за првите 2 години од 5,30%
- 100% ослободување од нотарските трошоци за солемнизација на договорот, за пласмани со нова изложеност од најмалку 3.000 еур, (под нова изложеност се подразбира целосно нов кредит, рефинансирање од друга банка или дополнителен износ на кредит над рефинансираните производи во СБ)
- 100% ослободување од административни трошоци
СТАНБЕН КРЕДИТ
- 100% попуст на административните трошоци
- 100% попуст на трошоци за процена
- 100% попуст на нотарските трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности (за нови пласмани)
ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
- 100% попуст на административните трошоци
- 100% попуст на трошоци за процена
- Дополнитено и 100% попуст на нотарските трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности, за кредити со дополнителна изложеност од минимум 10.000 ЕУР (под дополнителна изложеност се подразбира целосно нов кредит, рефинансирање од друга банка или рефинансирање необезбедени производи од СБ)
За повеќе детали и пресметка од банката посочуваат дека граѓаните може да се јават на 15110 или да се обратете вработени во филијалите.