Стопанска банка АД – Скопје информира дека е направена промена во тарифната ставка:
– Надоместок за месечно водење на трансакциски и штедни сметки, за трансакции извршени со почеток од 01.01.2021г., при што наплатата ќе се изврши со валута на 01.02.2021г. во износ од мин. 30,00 ден, максимум 40,00 ден во зависност од бројот на извршени трансакции во текот на еден календарски месец.
– Надоместок за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери за трансакции извршени со почеток од 01.01.2021г, при што наплатата ќе се изврши со валута на 01.02.2021г. во износ од мин. 20,00 ден, максимум 30,00 ден во зависност од бројот на извршени трансакции во текот на еден календарски месец.
За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на тарифата објавена на веб страницата.
По увидот во горенаведена објава, клиентот го задржува правото да побара прекин на деловниот однос со банката со доставување на писмено барање на шалтерите на банката, во спротивно ќе се смета дека трошокот е прифатен и дека Банката има право да го наплатува истиот.