ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка а.д Битола вработува

    Време зa читање: 3 минути

    Стопанска Банка АД Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите. За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани  и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња.

    Доколку Ве привлекува динамична и развојна работна средина и сакате да бидете дел од неа, ја очекуваме Вашата апликација за работа.

    ОГЛАС

    за ангажирање еден (1) извршител на работното место ИТ Специјалист.

    Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

    • Завршенo високо образование од областа на компјутерски науки и технологии,
    • Апликативна примена на SQL Server 2012/2016 бази на податоци; T-SQL и Reporting Services
    • Познавање на Office алатки
    • Предност е познавање на банкарска терминологија
    • Предност e познавање на Data Warehouse
    • Опционо познавањe на: Visual Studio, .NET
    • Одлично познавање на англиски јазик
    • Најмалку 3 години работно искуство

    Лични карактеристики и вештини потребни за работното место

    – Способност за тимска работа и работа под притисок со крајни рокови

    – Способност за учество и координација во проектни активност, тестирање и креирање на документација за апликативни решенија

    – Способност за паралелно учество во повеќе активности

    – Способност за решавање проблеми, управување со приоритети и можност за самостојно работење без надзор од претпоставен

    – Одлични организаторски и комуникациски способности со високо ниво на ефективност

    – Возачка дозвола Б категорија

    Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

    Работни задачи и одговорности:

    • Подршка при масовни операции,
    • Тестирање на барањата за промени на апликациите,
    • Имплементација на промени во апликациите,
    • Анализa и подршка при проблеми со функционирањето на апликациите,
    • Прилагодување на функциите на апликациите,
    • Изготвување на упатствата на специфичните модули,
    • Изготвување на извештаи за потребите на службите,
    • Анализи на процесите за ефикасно извршување со помош на апликациите,
    • Работа на оперативни и организациски задачи,
    • Развој и одржување на апликациите,
    • Развој на стандардни процеси,
    • Организациски развој и дизајн,
    • Одржување на актуелноста и квалитетот на интернет-интранет страните,

    Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Деловен центар во Скопје или Централа Битола со договор за работа во зависност од работно искуство и познавање на работни процеси со работно време од 8 часа, согласно Одлуката за работно време на Банката.

    Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: [email protected] со назнака во Subject „ИТ специјалист“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично