Добивката од работењето во текот на минатата година, во износ од 29.945.264 денари или во противвредност на 486,4 илјади евра, битолската Стопанска банка а.д. ќе ја подели откако акционерите ќе ја изгласаат предложената одлука за нејзина употреба и распоредување. Седницата, 50 по ред, на Годишното собрание на акционери е закажана за четврти мај, со почеток во 12 часот.
Според предложеното, тој износ треба да се распореди во акумулирана добивка ограничена за распределба на акционерите.
На седницата треба да се именуваат и нови членови на Надзорниот одбор, со мандат од четири години. Се предвидува за месечниот ангажман да добиваат надомест од 50.000, а на лицето кое ќе биде именувано за претседател – 60.000 денари во нето-износ.