ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Битола: До повторното именување на Миле Зечевиќ, со НО управува Гордана Гацева

    Време зa читање: < 1 минутa

    Стопанска банка АД Битола преку Македонска берза информира за измени во органите на управување.

    По истекот на четиригодишниот мандат, Иванчо Велјановски повеќе не е член на Нaдзорниот одбор.

    Исто така, на 16 месецов истекол и мандатот на досегашниот независен член и претседател на Надзорниот одбор, Миле Зечевиќ. Затоа, од битолската Стопанска банка информираат дека до финализирање на постапката која е во тек за добивање претходна согласност од Народната банка за негово повторно именување, Надзорниот одбор донел времено решение. Односно, од членовите на НО, како заменик претседател е именувана Гордана Гацева.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично