ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Битола: Антони Пешев нов член на Надзорниот одбор

    Време зa читање: < 1 минутa

    Антони Пешев е нов независен член на Надзорниот одбор на битолската Стопанска банка. Мандатот од четири години му го доверија акционерите на вчера одржаната 51 седница на Собранието на Банката.

    Оваа одлука стапува во сила со добивање претходна согласност од гувернерот на Народната банка.

    Актуелниот извршен директор на Стопанската комора е избор на Стопанска банка Битола поради неговото долгогодишно професионално искуство, богатата кариера во различни области од општествено-економското опкружување и големи знаења и репутација. Се смета дека ќе придонесе во работењето на Надзорниот одбор, а беше предложен од двајца акционери.

    Инаку, на оваа позиција во НО до крајот на август беше на Миле Зечевиќ, кој поднесе оставка од лични причини, заради зголемени професионални обврски во останатите работни ангажмани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично