Почнувајќи од денес, со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално доби ново име – АЛТА банка АД Битола или скратено само АЛТА банка.
Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград заврши во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој заедно со поврзаните субјекти поседува 93,2571%.
АЛТА банка АД Битола станува дел од АЛТА Група – современа финансиска групација со седиште во Белград, која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските услуги. Како регионален лидер, АЛТА Група работи согласно европските вредности и највисоките стандарди, со силен стратешки фокус на иновации, дигитализација и врвен квалитет на услугите.
АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на групацијата, која пак во 2024 година доби награда за најбрзорастечка банка во Република Србија. Миграцијата и усогласувањето со нејзините највисоки стандарди и работење од страна на АЛТА банка АД Битола ќе отвори нови можности за воведување иновативни производи и современи дигитални решенија, како и унапредување на корисничкото искуство и задоволство на клиентите, со целосно почитување на домашните финансиски стандарди и регулативи.
Амбицијата на АЛТА банка АД Битола е да стане значаен фактор во банкарскиот сектор во Македонија, сојузник на локалната економија, а истовремено ќе создава услови за развој и на регионалната соработка.
Она што е особено важно за клиентите и деловните партнери е дека работењето на банката продолжува непречено, со целосно задржување на досегашната стабилност, сигурност и континуитет во услугите. Сите експозитури остануваат на истите локации со воведување на нов визуелен идентитет на АЛТА Банка.
„За постоечките клиенти не се потребни никакви дополнителни активности – сите постојни сметки, платежни картички, електронско банкарство и договори остануваат целосно валидни и функционални. Податоците на клиентите се во целост заштитени, а сите законски регулативи строго се почитуваат. Производите, услугите и каналите за поддршка продолжуваат да се користат без промени. Клиентите ќе бидат навремено информирани за сите понатамошни активности кои ќе придонесат за уште подобро банкарско искуство“, велат од АЛТА Банка АД Битола.
Аналитика








