Стопанска банка а.д. Битола донесе одлука за измени во својата Тарифа на надоместоци за физички и правни услуги, кои од 1 октомври 2025 година значително ќе се намалат и делумно ќе се укинат надоместоците за користење на услугите.
Со оваа одлука Банката ја потврдува својата заложба за поголема транспарентност и финансиска достапност, олеснувајќи им на граѓаните и компаниите пристап до современи и поволни банкарски решенија.
Клучни измени и поволности за физички лица:
- Поголема достапност на електронските плаќања: сите трансфери што граѓаните ги вршат преку интернет или мобилно банкарство кон сметки во рамки на Стопанска банка а.д. Битола отсега ќе бидат целосно бесплатни.
- Електронски трансфери по пониски цени: кредитните трансфери преку интернет и мобилна апликација кон други банки преку МИПС се намалуваат за 50 %, од 110 денари на 55 денари.
- Намалени надоместоци на шалтер: трансферите кон сметки во други банки преку МИПС се намалуваат од 250 денари на 200 денари.
- Интернет банкарство без дополнителни трошоци: целосно се укинува еднократниот надоместок за издавање на БТ Токен апликација (која досега чинеше 200 денари).
Клучни измени и поволности за правни лица:
- Пониски надоместоци за онлајн трансакции: безготовинските кредитни трансфери преку интернет услуги кон други банки преку МИПС се намалуваат за 25 %, од 120 денари на 90 денари.
- Пониски надоместоци за кредитни трансфери преку МИПС: намалување од 320 денари на 280 денари по налог.
Со овие измени, Стопанска банка а.д. Битола значајно го олеснува користењето на платежни сметки, електронско и мобилно банкарство и трансфери на средства – со што се создаваат услови за побрзо, поедноставно и поекономично секојдневно банкарско работење.