ПОВЕЌЕ

    СТОКОМАК СЕ ШИРИ НА СРПСКИОТ ПАЗАР – Србија на радарот на европските трговски синџири

    Време зa читање: 2 минути

    Стокомак има основано седиште за Србија лоцирано во Ниш, а неодамна купи и интернет домен за српскиот пазар, пишува Retail Serbia. Еден од најголемите македонски трговски синџири Стокомак планира да влезе на српскиот пазар .

    Сепак, се уште нема официјални информации кога Стокомак би можел да ги отвори своите први маркети и во кои градови.

    Компанијата Стокомак е основана во 1997 година и денес е една од најголемите трговски групи во таа земја. Во Македонија има вкупно 73 објекти. На почетокот на октомври маркетот отвори помодерен објект во Куманово, кој се простира на повеќе од илјада квадратни метри и на клиентите им нуди широк асортиман од околу 1.600 прехранбени и непрехранбени производи.

    Retail Serbia потсетува дека, освен Стокомак, српскиот пазар привлекува и други големи европски трговски синџири. Францускиот синџир „Карфур“ планира да влезе и на српскиот пазар  преку својата подружница и партнер во Грција, кој веќе има основано компанија во Србија. За српскиот пазар е заинтересиран и италијанскиот трговец Eurospin ,  како и најголемиот полски синџир Zabka.  Според сознанијата на порталот Retail Serbia, планира да влезе уште еден европски ланец, чии продавници би можеле да бидат отворени на крајот на оваа или на почетокот на следната година. Германскиот ланец Микс Маркт кон крајот на април влезе во Србија со три маркети.

    По веста за отворањето на синџир на дисконтни маркети на Стокомак во Србија, неколку Срби го посетиле маркетот во Куманово со цел да ги споредат цените на производите со оние во Србија: оттаму велат дека пазарот е добро снабден со производи од локални производители, но таму има и српски производи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично