За првпат во нашата земја, Нaродната Банка на Република С.Македонија издаде лиценци на институции за електронски пари, кои покрај издавањето на електронски пари, ќе имаат дозвола и за давање платежни услуги.
Лиценцирањето подразбира влез во новата ера на дигитални финансии, со што Македонија го направи првиот голем чекор кон целосна модернизација на платежниот систем, застанувајќи рамо до рамо со развиените европски пазари, каде институциите за електронски пари веќе успешно функционираат и нудат иновативни решенија за плаќање.
Институциите за електронски пари се појавуваат на нашиот пазар како нов вид на ентитети во областа на плаќањата, каде до сега само банките имаа можност да нудат платежни услуги и да издаваат платежни инструменти. Промените ќе придонесат кон воведување на еден нов начин за управување со личните финансии на модерен, сигурен и лесно достапен начин за сите граѓани.
Што се всушност електронски пари?
Електронските пари претставуваат дигитален еквивалент на готовината, наменет за плаќање, без потреба од банкарска сметка. Наместо да носите готовина или физичка картичка, средствата се чуваат на вашата платежна сметка или дигитален паричник кај Институцијата за електронски пари, а се управуваат преку мобилна апликација – брзо, безбедно и секогаш достапно.
Што значи тоа за нас како граѓани и потрошувачи?
Брзи и инстант плаќања 24/7
Нема повеќе чекање на трансакции да се потврдат или средства да „легнат“ на сметка. Со електронските пари, трансакциите се извршуваат во реално време, дури и за време на викенди и празници. Кај трговците средствата пристигнуваат моментално, без доцнење. Ова значи подобар cash flow за нив, поедноставена наплата, како и намалени трансакциски трошоци.
Безбедност и транспарентност
Средствата на клиентите се 100% покриени со пари на посебна сметка за заштита отворена во некоја од банките во државата , што е регулирано од страна на НБРМ и усогласено со ЕУ директивите, додека истовремено се почитуваат строгите правила за заштита на лични податоци. Секоја трансакција на клиентите се евидентира во мобилната апликација – јасно и детално, а во однос на поплаките од страна на клиентите им се овозможува брз поврат на средства, што ја зголемува довербата и задоволството од користењето на услугите.
Нема потреба од банкарска сметка или картичка
Институциите за електронски пари овозможуваат инклузија на сите граѓани, дури и оние без класична банкарска инфраструктура, односно без посредување од традиционалните банки, користејќи напредна технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност. Доволно е мобилен телефон за да се купува онлајн – без физички картички и без банкарски формалности.
Можност за бесконтактни плаќања преку QR код
Сè што е потребно е скенирање на QR код – нема внесување на број на картичка или податоци, што го прави плаќањето побезбедно и побрзо. Исто така, институции за електронски пари како IutePay преку своите платформи ќе понудат лесна API интегрирација на онлајн трговците и можност за напредна евиденција на трансакциите.
Дали е безбедно?
Апсолутно. Електронските пари и услугите се строго регулирани со Законот за платежни услуги и платни системи, кој е во целосна согласност со европските директиви за заштита на потрошувачи и финансиска сигурност.
Со лиценцирањето на институции за електронски пари, Македонија го отвора патот кон побрзо, поедноставно и побезбедно користење на финансиски услуги – достапно за секој граѓанин, без разлика каде се наоѓа.
Iute Pay Македонија, дел од естонската групација Иуте, неодамна доби зелено светло од Народната Банка на Република Северна Македонија за издавање електронски пари и давање платежни услуги.
Со оваа лиценца Иуте Македонија го заокружува еко-системот на финансиски услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, од неодамна е присутна и на осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.
Добредојдовте во новата дигитална ера. Со вас е IutePay.