Во Владата се потпишани договори вредни 97 милиони евра за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3. Во рамки на обезбедените средства, за „Битола 3“ ќе се користат 50 милиони евра од КФВ банка и 37 милиони евра од ЕБОР. Десетте милиони евра баменети за ревитализација на хидроелектраните се исто така од КФВ.
Со овие проекти инвестициите во енергетскиот сектор се приближуваат до 100 милиони евра, посочи премиерот Христијан Мицкоски, нагласувјќи дека тиа се со стратешко значење за националната безбедност, за економската стабилност и долгорочниот развој на државата.
„Сигурниот, стабилен и сопствен енергетски систем е предуслов за отпорност на економски и геополитички предизвици, како и за долгорочен развој. Затоа, нашата определба е јасна: систематско, континуирано и одговорно инвестирање во енергетски капацитети, со цел да ја зајакнеме енергетската независност. Фотонапонската електрана ‘Битола 3’ е симбол на таа определба. Таа претставува чекор кон модерна, чиста и одржлива енергетика, која ја користи силата на природата во служба на јавниот интерес. Со ваквите инвестиции ја намалуваме зависноста од увоз на електрична енергија, го стабилизираме енергетскиот биланс и создаваме предуслови за предвидливи и пониски трошоци на долг рок“, истакна премиерот, додаавајќи дека со ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3 „покажуваме дека знаеме да управуваме мудро и со постоечките ресурси“.
Според него, овие инвестиции имаат и значаен економски ефект, преку отворање нови работни места, ангажман на домашната индустрија, развој на локалните заедници и зголемена конкурентност на националната економија.
Аналитика








