“Кратката продажба” како трговски термин неодамна влезе во мејнстрим медиумите. Оваа тема беше крајно актуелна во последните денови поради настаните околу GameStop.
Кратка продажба, е начин на инвестирање во кој прво се продава „позајмена“ акција (се плаќа такса за заем) или хартија од вредност, а потоа, кога паѓа цената, таа се купува, пишува порталот SEEbiz.
Заработката се остварува според разликата помеѓу продажната (повисока) и куповната (пониската) цена. Инвеститорите, всушност, очекуваат пад на цената на акцијата и на таков начин можат да заработа пари од неа.
Математичката формула за кратка продажба е едноставна. Стандардно, брокерите секогаш покажуваат нето добивка или загуба на платформите за трговија. Колку е пониска откупната цена на вашите акции во однос на продажната цена, толку повеќе пари се заработуваат. Со други зборови, колку е пониска цената на акцијата што продава кратко, толку е поголема веројатноста да остварите значителен профит.
Кога е најдобро време за да се купи акција со ваква “кратка продажба”?
За жал, никој не може да ја предвиди иднината. Сепак, постојат одредени сценарија во кои акциите на кратки продажби може да се покажат корисни за инвеститорот.
Прочитај и за: Невиден хаос на Волстрит. Дали случајот со GameStop е почеток на крајот на доминацијата на фондовите?
Приказната започна во септември, 2020