ПОВЕЌЕ

    ШТО ДА ГИ ПРАШАТЕ КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК? – Борче Треновски за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    „„Борче Треновски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ – Ова се клучните прашања што ГРАЃАНИТЕ мора да им ги постават на кандидатите за градоначалници.

    Пред избори политичарите најмногу „слушаат“. Искуството вели – искористете го тоа. Еве листа со прашања што директно ја мерат способноста за управување со општина и дали знаат што е финансиска дисциплина.

    „Прво прашање, дали сте свесни и добро ја знаете финансиската состојба во вашата општина? Дали знаете неизмерни обврски, долгови и така натаму? Втора работа, како ќе зголемите наплатата на приходите и како ќе ги собирате и комуналните такси и така натаму во вашата општина и при тоа ќе обезбедите континуитет во испорака на услугите, комунални и некои други. Дали ќе подобрите структурата на буџетот и планирањето на буџетот согласно, расходите да бидат согласно приходите кои ги имате. Натаму може да оди во делот на дали ќе подготвите програма на капитални инвестиции со цел да видиме кои се приоритетите на нашата општина во следните 10 години капитални да знаеме. Дали ќе направите стратешки план за ова?“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично