ПОВЕЌЕ

    Штетата од пожарот во Глобал проценета над милион евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Советот на општина Струмица го усвоил извештајот на Комисијата која правеше проценка на штетите на објектите кои настрадаа во пожарот што се случи на 2 јанури годинава во трговскиот центар „Глобал“

    Над еден милион евра штета од пожарот пријавиле физичките и правните лица до општинската комисија во Струмица, објави ТВ24.

    Штета е констатирана и на самиот објект, но и на трговската стока. Извештајот со проценките ќе биде доставен до Владата која треба да го разгледа и да одлучи дали и на каков начин ќе даде помош на оштетените.

    На почетокот на месецов, повторно се отвори трговскиот центар во делот кој не беше опожарен, како и продавниците на сите катови, односно околу две третини од објектот.

    Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот.

    Засега не се утврдени причини како зошто настанал пожарот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично