ПОВЕЌЕ

    Штериева за „Каде се парите?“: Падот на Еурибор автоматски ќе се пренесе кај каматите за девизните кредити

    Време зa читање: 2 минути

    Во оној момент кога ЕЦБ ќе го прогласи првото намалување на каматните стапки, пазарите во Европа веднаш ќе реагираат и тоа ќе се рефлектира врз шестмесечниот Еурибор. За кусо време потоа, промената ќе се рефлектира и врз каматните стапки за девизните кредити што ги користат клиентите на македонските банки, изјави Маја Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, во гостувањето на поткастот „Каде се парите?“.

    „Тоа значи дека кај кредитите со девизна клаузула или девизните кредити кои имаат варијабилна каматна стапка поврзана со Еурибор, во зависност од договорот, за многу кратко време ќе почнат да се намалуваат. Значи, клиентите кои во договорите имаат дека се применува шестмесечниот Еурибор, кој што се менува на еден месец, тогаш еден месец по промената тие во наредниот период ќе имаат намалување. Кај некои кредити тоа е со тримесечна, кај други со шестмесечна, но ретко кога е поголем тој период на менување на стапките. Така што, во оној момент кога ќе почне да паѓа шестмесечниот Еурибор, тогаш тоа ќе почне веднаш да се рефлектира на каматните стапки“, посочи Штериева.

    Воедно потсети дека во првиот квартал од 2022, Еурибор имаше негативна стапки од 0,5%, а минатата година заврши со 3,8%. Во меѓувреме се случуваа и драстични зголемувања со над 4,4 п.п., па во тој период централните банки интервенираа со континуирано зголемување на каматните стапки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично