ПОВЕЌЕ

    Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

    Време зa читање: < 1 минутa

    Образованието е темелот на силна и успешна иднина, затоа градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево, истакна Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на Општина Гази Баба, кој е во изборната трка за нов мандат.

    „Нашите деца веќе добија современи спортски сали во Стајковци и Булачани, простории каде растат здрави и успешни генерации. Но, тука не застануваме, во следните четири години ќе изградиме нови спортски сали во Железара, Ченто и Страчинци.

    Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата Општина. Не ветуваме туку, градиме и реализираме. Јас сум твојот човек, во Општината“, порача Стефковски, кој како кандидат за градоначалник доби јавна поддршка од 22 универзитетски професори и интелектуалци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично