ПОВЕЌЕ

    „Стандард и Пурс“: Народната банка успешно ја одржува стабилноста на банкарскиот систем

    Време зa читање: 2 минути

    „Централната банка успешно ја одржува довербата во банкарскиот сектор, што се докажува и преку постојаниот раст на депозитите во 2020 и 2021 година“, се истакнува во извештајот на кредитната рејтинг-агенција „Стандард и Пурс“.

    Денарот е стабилен, а монетарната политика оди во прилог на економското закрепнување. Девизните резерви се зголемени. Банкарскиот систем во земјава е стабилен, висококапитализиран и профитабилен, а финансиските услови остануваат поволни. Стапката на нефункционални кредити е ниска. Ова се накусо оцените за монетарната политика која се води во земјава и за финансиската стабилност, наведени во извештајот.

    Во извештајот е нагласено дека девизните резерви на земјава се повисоки. Така, во јули годинава, и покрај отплатата на еврообврзницата во износ од 500 милиони евра, девизните резерви бележат раст во споредба со истиот период минатата година. Кредитната агенција не очекува флуктуации на девизниот пазар, односно курсот на денарот останува стабилен. Исто така, се наведува дека доколку се јави потреба, Народната банка е подготвена да интервенира, вклучително и преку репо-линијата од 400 милиони евра од Европската централна банка.

    Очекувањата за инфлацијата на „Стандард и Пурс“ за годинава соодветствуваат со проекцијата на Народната банка од 2,2%.

    Како што се наведува во извештајот на кредитната агенција, банкарскиот систем во Северна Македонија е стабилен, останувајќи висококапитализиран и профитабилен и за време на корона-кризата. Стапката на нефункционални кредити остана на ниско ниво од 3,4% во второто тримесечје од 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично