Комерцијална банка ја најави својата нова промотивна понуда за станбен кредит, која им овозможува на граѓаните полесно и поекономично да го остварат сонот за сопствен дом. Понудата важи до 31 декември 2025 година и се одликува со нулти трошоци за одобрување и процена на имот.
„Домот е многу повеќе од ѕидови и покрив – тоа е местото каде што се создаваат најтоплите спомени, каде што секој ден започнува со сигурност и завршува со мир“, порачаа од банката, истакнувајќи дека оваа понуда е осмислена токму за оние кои сакаат стабилност и сигурност во финансирањето на својот нов дом.
Станбениот кредит има фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, што обезбедува предвидливост на месечните рати. Покрај тоа, клиентите имаат можност и за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со што се добива комплетно финансиско решение според индивидуалните можности и потреби.
Кредитот е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
Сите заинтересирани можат да дознаат повеќе за условите на линкот на Комерцијална банка, каде што е достапен и калкулатор за пресметка на рата и можност за контакт со банкарски советник.