Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2021 година изнесува 36 520, од кои 52.0 % се домашни туристи, а 48.0 % се странски туристи. Во мај 2020 година пак, земјава ја посетиле само 838 туристи.
Бројот на ноќевањата во мај 2021 година изнесува 79 413, од кои 48.1 % се од домашните туристи, а 51.9 % од странските туристи.
Во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 63.3 %, а кај странските има намалување за 21.6 %.
Во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.6 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 44.6 %, а кај странските има намалување за 4.9 %.
Од вкупниот број на туристи домашни се 18 993, додека странски се 17 527. Од местата најголем дел од посетите биле Скопје(12 161) и на езерските места(13 168).
Според статистичките податоци еве го бројот на странски туристи што ја посетиле земјава во мај:
- Србија (3490)
- Косово (1437)
- Албанија (1052)
- Турција (1289)
- Украина (857)
- Германија (764)
- Грција (743)
- Бугарија (730)
- Полска (700)
- Романија (396)
Редакција Пари