Сопствениците на специјализирани продавници за спортска опрема во австриските туристички центри се загрижени, имајќи предвид дека 40% од нив се во опасност да не ја „преживеат“ зимата поради мерките против ширењето на вирусот .
Сопствениците на спортските продавници преку отворено писмо ја известиле австриската влада за тешката состојба во која се наоѓаат и побарале соодветна компензација за загубата на приходот, пренесе агенцијата АПА.
Во писмото се наведува дека спортските активности во туристичките центри треба да генерираат до 70 проценти од приходот во текот на целата година во следните четири месеци од сезоната на скијање, но дека тоа нема да биде можно и дека не може да се надомести подоцна.
Без помош, 40 проценти од трговците нема да ја преживеат зимата или повеќе нема да можат да ги отвораат вратите на своите продавници откако ќе се олабават ограничувачките мерки.