ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе банка ќе ги исплати пензиите за јули предвреме

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе банка ќе ги исплати пензиите за јули предвреме, почнувајќи од 28  јули 2020 во четири групи. Со јулските пензии можете да располагате преку Вашите дебитни картички за подигнување на готовина, имате достапна мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка)  или да плаќате безготовински кај трговците.

    Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

    • До 11.000 денари                 28.7.2020 г. (вторник)
    • 11.001-14.000 денари          29.7.2020 г. (среда)
    • 14.001-18.000 денари          30.7.2020 г. (четврток)
    • Над 18.001 денари              31.7.2020 г. (петок)

    Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    Шпаркасе банка препорачува средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично