ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка: Известување за исплата на пензии за август

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека пензиите за месец август 2023 година ќе се исплаќаат од 01.09.2023 год. (петок), за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка.

    Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците, посочуваат од банката.

    Клиентите кои не користат платежни картички, исто така од петок ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката, без разлика на висината на пензијата.

    За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти, апелираат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично