ПОВЕЌЕ

    Шпанска општина создаде своја криптовалута за да ја зајакне локалната економија 

    Време зa читање: 2 минути

    Општина Севилја одлучи да им исплати помош на граѓаните во сопствена крипто-валута за да го зголеми растот на трошоците на локалниот пазар погоден од пандемијата.

    Имено, Градскиот совет ја одобри употребата на криптовалута наречена Елио, во која ќе им се исплаќа финансиска помош на граѓаните, што треба да придонесе за стимулирање на нивната потрошувачка.

    Помош на општината ќе добијат 593 избрани корисници со ниски примања или големи семејства, во износ од 50 до 200 евра. Покрај тоа, 393 локални компании исто така ќе добијат помош од 400 евра или 400 Елија, бидејќи овие валути имаат иста вредност.

    Градоначалникот на Лебриа, Пепе Барозо, рече дека Елио е создаден така што економската помош ќе биде „директно инвестирана во локални бизниси“. Планот на општинските власти е, всушност, да овозможат купување производи и услуги на тоа место преку апликацијата потребна за примање на Елиа.

    Само неколку дена по воведувањето на оваа валута, повеќе од сто трговци го прифатија Елио како платежно средство и се очекува тој број да расте стабилно.

    Така, примателите на помошта и трговците ќе вршат директни трансакции, без посредници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично