ПОВЕЌЕ

    Шпанија во април со 4.05 милион хотелски резервации

    Време зa читање: 2 минути

    Резервациите за ноќевања во хотелите низ Шпанија во април достигна 4.05 милиони евра, додека истиот месец претходната година, овие бројки во потполност изостанаа поради строгите мерки за затворање заради борбата со корона вирус, покажаа податоците од заводот за статистика ИНА во понеделникот.

    Резервациите сеуште се 85 проценти под нивото од април 2019 година, покажуваат податоците на заводот за статистика, истакнувајќи го степенот на влијанието врз туризмот предизвикан од пандемијата.

    Вкупниот број на резервации во првите четири месеци од оваа година е за 71 процент помал во споредба со истиот период минатата година.

    Прелиминарните податоци од платформите за резервации укажуваат дека се зголемиле резервациите во мај, по укинувањето на вонредната состојба во Шпанија, што овозможи повеќе граѓани да патуваат во рамките на земјата.

    Според заводот за статистика, домашните гости во април сочинувале скоро 70 проценти од вкупните резервации, додека најбројни странски туристи биле Германците на кои им било дозволено да патуваат на дестинациите на Балеарските острови.

    Во надеж дека ќе привлече повеќе меѓународни патници и ќе го поддржи закрепнувањето на туризмот, премиерот Педро Санчез минатата недела објави дека сите вакцинирани туристи од други земји ќе можат да влезат во Шпанија од 7 јуни.

    Премиерот предвидува дека пристигнувањата на гостите ова лето може да достиге од 30 до 40 проценти од нивото што беше пред-пандемијата па дури и 70% до крајот на годината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично