ПОВЕЌЕ

    Совети од милионерката Сара Блејкели: Не плашете се од она што не го знаете

    Време зa читање: 2 минути

    Сара Трелевен Блејкели е успешна жена милионерка согласно листата на Форбс. Родена на 27 февруари 1971 година, американска деловна жена, претприемач и филантроп. Таа е основач на „Спанкс“, американска компанија за интимна облека, панталони и хеланки, основана во Атланта, Џорџија. Во 2012 година, Блејкели беше именувана на годишната листа на списанието „Тајм 100“ меѓу 100 највлијателни луѓе во светот.

    Согласно листата на Форбс, моментално нејзиното богатство се проценува на 610 милиони американски долари. Нејзините пораки за деловен успех мотивираат бројни млади жени да се впуштат во водите на претприемништвото. Еве некои од нив:

    1. Не плашете се од она што не го знаете
    2. Кога ќе се случи нешто што не можам да го контролирам, се прашувам: каде е скриениот подарок, каде е позитивното во сево ова?
    3. Прегрнете го она што не го знаете, особено на почетокот, бидејќи она што не го знаете може да стане вашето најголемо богатство. Тоа гарантира дека вие апсолутно ќе правите работи различни од сите други.
    4. Она што не го знаете, може да биде вашата најголема сила и да осигурате дека работите ги правите поинаку од сите други.
    5. Ние немаме луксуз на време. Трошиме повеќе заради тоа како живееме, но важно е да бидеме со нашето семејство и пријателите.
    6. Не плашете се да не успеете.
    7. Мојот совет за еден претприемач што сака да започне со бизнис е да се разликувате и поставете си ги следните прашања. Зошто сте различни? Што е важно за вас? Зошто му требате на клиентот?
    8. Мислам дека многу рано во животот сите учиме во што сме добри и во што не сме добри и остануваме таму каде што е безбедно.
    9. Треба да го прифатиш она што не го знаеш.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично