ПОВЕЌЕ

    Совети од најмоќните жени во модната индустрија

    Време зa читање: 3 минути

    Модната индустрија е производ на модерната ера. Од почетокот на 20 век со зголемувањето на новата технологија како што е машината за шиење , зголемвањето на светскиот капитализам и развивањето на фабричкиот систем на производство,  облеката значително почнала масивно да се произведува во стандардни величини.

    Иако модната индустрија за првпат се развила во Европа и Америка, во денешно време таа е интернационална- меѓународна и индустрија на светско ниво.

    Во продолжение ви пренесуваме неколку совети од најуспешните и најмоќните жени во модната индустрија.

    1. Бидете подготвени да преземете одговорност – Даниел Прескод, модна уредничка на американското издание на Elle.

    Таа вели дека најдобар совет кој би можела да го даде на некој во модната индустрија е што повеќе да стажира и волонтира. Тоа е непроценливо искуство и најдобар начин да откриете што сакате од животот, кои се вашите доблести и недостатоци. Индустријата не е ни малку лесна и полна е со „гладни“ луѓе што ја сакаат вашата работа, но уверена сум дека трудот ќе даде резултати, особено ако имате добар, позитивен став.

    1. Ништо не вреди, ако не го сакате тоа што го работите Нина Гарсија, креативен директор на Mари Клер

    Нина вели дека морате нешто навистина да посакувате и да ја негувате страста кон она што го работите. Модата не е постојано гламурозна, ниту лесна. Често ќе работите и прекувремено, па и она што не ви се допаѓа. И постојано ќе учите. Ако веќе толку време поминувате на работа, тогаш морате вистински да ја сакате, во спротивно брзо ќе се откажете.

    1. Не газете преку луѓе, поради остварување на сопствените цели Тејлор Томаси Хил, стилистка

    Тејлор вели дека на ова ја научи Ејми Астлеј, уредничката на магазинот Teen Vogue. Модата е индустрија во која сите се натпреваруваат. Ејми ме научи како да го прифатам таквиот став и да се создаде тим кој може да работи без самодеструкција, организирано и ослонувајќи се едни на други.

    1. Поставете си непријатни прашања – Џоана Колс, уредничка на Космополитен

    Колс вели дека доколку ја  прашувате каков совет да ви даде, тогаш дефинитивно е: „Што правам јас во оваа професија?“, „Што сакам да постигнам?“ и можеби и најважното прашање „Што би направила кога не би ми било страв?“, а потоа бидете брутално искрени кон себе, па дури и ако одговорите не ви се допаѓаат. Обрнете внимание на своите инстинкти, вели таа.

    1. Несигурноста е О.К Ана Винтур, уредничка на Вог

    Винтур смедка дека дури и таа некогаш се чувствувам крајно несигурно, но се однесувам како да не сум и донесувам одлука, била таа погрешна или не.

    1. Бидете свои, оригинални– Ева Чен, уредничка на магазинот Лаки

    Чен вели дека сака кога луѓето слободно ги изразуваат своите ставови и имаат свое „јас“.

    1. Прифатете промена или времето ќе ве„згази“– Натали Масенет, основач на Нет-а-портрет

    Масенет вели дека во човековата природа е да се плаши од промените, но ако не се менувате од ден во ден, а особено на работа, некој друг ќе го земе вашето место – некој што не се плаши да испробува нови трендови и постојана едукација. Морате да се менувате и еволуирате.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично