Марк Кубан смета дека кризата за еден човек е нова можност за друг човек, дури и во време на глобална пандемија, каде што се чини дека се сè распаѓа. И во услови на пандемија има луѓе кои имаат нова визија за иднината, рекол Кубан.
Дополнително милијардерот Марк Кубан има неколку совети за невработените како да добијат работа во време на криза.
„Не престанувајте да аплицирате за работа и искористете ја секоја можност да ви помогне да ги подобрите своите вештини, што ќе го импресионира вашиот иден работодавец“, вели Кубан.
Првото прашање што ќе Ви го постави секој работодавец кој има визија е: „Што научивте за време на оваа пандемија? Кои вештини ги усовршивте за време на актуелната криза?“ Работодавците очекуваат од луѓето кои биле во карантин долго време да излезат со ново знаење, бидејќи имаат повеќе време и пристап до онлајн курсеви.
“Луѓето ќе дојдат со нови идеи и можности. Затоа, продолжете да аплицирате за работа“, изјави Кубан и додаде дека ако сакате работа сега, мора да излезете од вашата комфорна зона и да бидете мобилни.
Милијардерот Марк Кубан вели дека за успех во бизнисот е потребно знаење, среќа, но и визија.