Минималната плата во Македонија и официјално изнесува 18.000 денари. Собранието ги усвои законските измени за покачување на минималецот од 15.200 денари на 18.000. За зголемувањето гласаа пратениците од власта и од опозицијата. Од оваа измена се очекува бенефит да имаат околу 80 000 работници кои работата под оваа сума. Се очекува минималната плата да повлече и скалесто зголемување на платите во многу дејности.
Држава | Минимална плата во локална валута | Минимална плата конвертирана во денари |
---|---|---|
Македонија | 18.000 денари | 18.000 |
Србија | 30.805 динари | 17.925 |
Бугарија | 650 лева | 20.720 |
Хрватска | 3.750 куни | 30.695 |
Црна Гора | 450 евра | 27.740 |
Косово | 130 – 170 евра | 8.000 -10.475 |
Федерација БиХ | 543 КМ | 17.106 |
Албанија | 30.000 леки | 15.193 |
Во нашето блиско опкружување, минималната плата во Србија, се пресметува по час, па таа варира од бројот на работните денови. Минималната цена на работниот час во нето износ изнесува 201,22 динари (приближно 110 денари), па јануарската нето-плата е 30.805 динари, или претворено во денари тоа е 17.925 денари. Во Бугарија минимална плата е 650 лева, или 20.720 денари. Минималната нето-плата во Хрватска за 2022 година изнесува 3.750 куни (30.695 денари), што е зголемување за 10,3 отсто во однос на 2021 година и како што пренесоа хрватските медиуми, тоа е првпат, таа да биде над 50 отсто од просечната плата. Собранието на Црна Гора на крајот од минатата година ги усвои измените и дополнувањата на Законот за работа, според кој минималната заработувачка во земјата од јануари 2022 година се зголеми од 250 на 450 евра (27.740 денари). Во Косовo пак, како што јавува Kosovo-online.com минималната плата за оние до 35 години е 130 евра, а за оние над 35 е 170 евра и овие износи со години не се променети. Во Федерација БиХ, минималната плата од почетокот на годинава изнесува 543 конвертабилни марки. Во Албанија минималната плата е 30.000 леки, или 15.193 денари.