Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС организираше собирна акција за донирање на облека. За една недела се донираа над 35 ќеси со облека, која преку социјалното претпријатие „Копче“ ќе се проследи до крајните корисници. Со ова, МАПАС, како општествено одговорна институција, заедно со своите вработени даде уште еден придонес за локалната заедница.
Со оваа успешна акција Агенцијата промовираше одржливи практики за продолжување на животниот циклус на облеката и намалување на отпадот, а воедно и се поттикнува чувството на сочувство и единство во заедницата, каде што заеднички се помага онаму каде што е најпотребно.
Mотото за собирна акција е – Донирањето на облека не е само да се подари она што повеќе не ни треба, туку и обезбедување топлина, достоинство и надеж.