ПОВЕЌЕ

    Со Visa Direct парите пристигнуваат за неколку секунди – Нова услуга на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Корисниците на мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка можат да испраќаат пари директно и веднаш од платежната сметка – на Visa дебитна картичка. Воведена е новата услуга Visa Direct.

    Сега и во земјава е овозможен целосно дигитален трансфер на средства од денарска сметка на Visa дебитна картичка, независно од банката која ја издала. Средствата пристигнуваат за само неколку секунди и веднаш се достапни за користење.

    Новата дигитална услуга веќе е достапна во мБанка на Комерцијална банка. Со Visa Debit од Комерцијална банка и со регистрирање за Visa Direct, клиентите добиваат можност за примање пари директно на нивната дебитна картичка – посочуваат од Комерцијална банка.

    Услугата е бесплатна за префрлање пари на Visa Debit издадена од Комерцијална банка. Во промотивниот период до 30 септември нема да се наплатуваат ниту трансферите кон Visa дебитните картички издадени од други банки во земјата.

    Од банката информираат дека оваа новина е дел од нивната стратегија за дигитална трансформација на платежните услуги, со цел да се обезбеди поголема флексибилност и клиентите поедноставно и побрзо да располагаат со своите средства.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично