ПОВЕЌЕ

    Со својата социјална мрежа ,,Truth Social” Трамп ќе им се спротивстави на Фејсбук и Твитер

    Време зa читање: < 1 минутa

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп формираше своја социјална мрежа „Truth Social”. Тој објави за платформата откако беше забранет од Твитер, Фејсбук и Јутјуб во јануари, обвинувајќи го дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија преку неговите профили пред нападот на Капитол. Платформата почнува со работа во ноември, како бета верзија – односно од идната година целосно функционална, јавија американски медиуми.

    Поранешниот претседател сака да се „спротивстави на тиранијата на технолошките гиганти” кои „ја искористија својата еднострана сила за да ги замолчат гласовите на несогласување во Америка”, наведе тој во соопштение.

    Платформата ќе биде во сопственост на новоформираната Trump Media & Technology (TMTG), структура што ќе обезбедува и видео услуги.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично