ПОВЕЌЕ

    Со новата германска фабрика за литиумски батерии ќе се зголемува македонскиот БДП

    Време зa читање: 2 минути

    Германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и ќе отвори над 700 нови работни места.

    Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека по двомесечна работа и отстранување на сите недостатоци што се акумулирале во месеците наназад, утре ќе се постави камен-темелник на компанија што доаѓа од Германија. Тој напомена дека со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата, односно дефицитот меѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува БДП.

    Вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години. Минатата година при потишување на договорот надлежните посочија дека изградбата на фабриката е планирано да трае најмногу 24 месеци. Во новиот капацитет се планира сериско производство на батериски производи.

    Се работи за капацитет кој ќе претставува најсовремена фабрика во ТИРЗ Скопје 2, организирана во три модули за производство и администрација со вкупна површина од 12.000 метри квадратни плус логистички центар, соопштија тогаш македонските претставници.

    Групацијата BMZ е лидер во обезбедување цел животен циклус на литиум-јонски батериски системи со примена во различни индустрии. Седиштето на BMZ Holding GmbH е во Карлштајн на Мајна, Германија. Производствените капацитети на групацијата се лоцирани во Германија, Кина, Полска и САД, а има отворено претставништва за продажба во Јапонија, Велика Британија и Франција.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично