ПОВЕЌЕ

    СО НОВАТА ФАБРИКА ЗА ЛИТИУМСКИ БАТЕРИИ планиран е извоз од 60 милиони евра во првите три години

    Време зa читање: 2 минути

    Почна изградбата на фабриката на германски компанија БМЗ во ТИРЗ Скопје вредна 65 милиони евра. На одбележувањето на почетокот на градбата, премиерот Христијан Мицковски истакна дека ова е инвестиција што ќе влијае позитивно на македонскаѕа економија и доведе до поголем раст на БДП. Додавајќи дека првите години се очекува да имам извоз од 35 до 40 милиони евра, а максимум 60 милиони евра во првите три години извоз. А, понатаму, тој може да достигне и до 130, па и повеќе милиони евра.

    Според генералната директорка на БМЗ Македонија, Јелица Ивановска, комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасува повеќе простор за работа па затоа се очекува фабриката да почне со работа во мај.

    -Ние веќе произведуваме. Сега во моментот работиме во „браунфил“ лоциран во поранешните простории на фабриката „Раде Кончар“, односно во постоечки објект што е прилагоден на потребите на бизнисот. Во моментот броиме 110 вработени во сите сектори и работиме со пет функционални валидирани линии. Започнато ни е комерцијалното производство, со тоа што ни треба многу повеќе простор. Таму каде сме сега не е доволен просторот. Ова ќе биде нова и модерна фабрика и планирано е да имаме вработено помеѓу 770 и 1.000 лица – посочи Ивановска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично