ПОВЕЌЕ

    Со купените три Коста Котески поседува 33 акции од „Реплек“

    Време зa читање: 2 минути

    Заменикот генерален директор на „Реплек“, Коста Котески, купил три акции од оваа фармацевтска компанија. Тој воедно е и директор на Снабдување и Комерција, а член е и на Управниот одбор.

    Веста од „Реплек“ ја споделија преку Македонска берза.

    „Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

    Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје

    Реплек АД Скопје објавува дека членот на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, Котески Коста се стекна со 3 нови акции, при што вкупно поседува 33 обични акции“.

    Акциите на „Реплек“ се интересни за инвеститорите. Како купувачи, во берзанските информации често се појавуваат имињата на членови од менаџментот, што упатува на стабилноста и просперитетноста на компанијата. Тоа влијае врз вредноста на акцијата која, според вчерашната официјална девна листа, имала просечна цена од 116 илјади денари.

    Што се однесува до резултатите, во првите три месеци од годинава за 29 проценти е зголемена консолидираната оперативна добивка на Групацијата „Реплек“, која достигна 511 илјади евра, и во најголем дел произлегува од приходите кои се книжат од извозната активност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично