Зошто СДСМ толку многу го критикува буџетот?
Дали е реално да се надеваме дека економијата во 2025 ќе порасне за 3,7%?
Што ќе биде со Фондот за пензиско? Дали ќе биде одржлив во иднина?
Што се случува во СДСМ во моментов? Дали навистина се подготвени за избори како што тврдат од партијата?
Одговори на овие прашања ќе добиеме од пратеникот на социјалдемократите и довчерашен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.