ПОВЕЌЕ

    СО ДЕБЛОКИРАЊЕТО НА ЦЕФТА ќе биде овозможен огромен напредок на секоја од шесте држави

    Време зa читање: 3 минути

    Лидерите од Западен Балкан усвоија нов акционен план за заеднички регионален пазар за 2025-2028 година, кој ја поставува насоката за зајакнување на трговијата, мобилноста и инвестициите низ регионот и интеграцијата со Единствениот пазар на ЕУ. Новиот четиригодишен план е поделен во 6 столба од кои 3 столба треба да ги спроведе ЦЕФТА: слободно движење на стоки, слободно движење на услуги и хоризонтални трговски мерки. Планот има за цел да го отклучи потенцијалот на регионот преку зајакнување на трговијата, инвестициите и отворање на вратата за забрзана интеграција на единствениот пазар на ЕУ.

    Придонесувањето кон економскиот развој преку зајакнување на регионалната соработка е високо на листата на Берлинскиот процес од самиот почеток, а пристапот кон ЕУ е преку владеење на правото и економската интеграција. Патувањето со лични карти, укинувањето на роамингот и признавањето на универзитетските и професионални дипломи се чекор напред во регионот, кажа амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.

    -Регионалната економска соработка и заеднички пазар е основа на ЕУ и нуди заедничка стабилност и просперитет на државите од Западен Балкан и олеснување на бизнисот со Унијата – посочи заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау укажувајќи дека шесте држави имаат 14 меѓусебни граници кои ја спречуваат трговијата.

    Тој додаде дека додека секоја од шесте земји ја шири својата соработка, регионалната трговија е многу ниска, особено имајќи ја предвид географската блискост на земјите и постоењето на традиционалните трговски врски, и спомена дека останува уште многу да се направи.

    Според Дрекслер, економската интеграција во суштина значи конечна интеграција во заедничкиот европски пазар.

    -Тоа е нешто што доаѓа со големи придобивки и огромен потенцијал за сите национални економии – вклучително и механизмите на солидарност кои ги има и тука во Македонија, како и во останатите земји на Западен Балкан. Понекогаш тоа што се занемарува во јавната дискусија е дека тоа доаѓа со огромни предизвици. Многу е тежок и ризичен процесот, да се има нешто треба да се координираат социјалните општествените стандарди на 17 милиони луѓе кои живеат на Западен Балкан – вели таа.

    Беше укажано дека со деблокирање на ЦЕФТА ќе биде овозможен огромен напредок што беше блокиран во изминатите години. Берлинскиот процес го исцрта патот кон конкретни чекори напред преку поддршка на заедничкиот акциски план за регионален пазар.

    Според наши експерти регионалниот пазар има огромно значење, бидејќи бариерите кои беа наметнати по распадот на Југославија го кочеа развојот и секоја од шесте држави мора да почнат да соработуваат регионално многу повеќе отколку досега.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично