ПОВЕЌЕ

    Сноуден се согласи да предаде пет милиони долари на американската влада

    Време зa читање: 2 минути

    Едвард Сноуден, поранешен член на американската разузнавачка служба (ЦИА), се согласи да предаде пет милиони долари, автобиографски книги, и говори што тој ги одржа низ целиот свет пред американската влада. Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно снимена“ и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и Американската агенција за национална безбедност.

    Сноуден го шокираше светот во 2013 година кога му откри на човештвото дека американската влада тајно собира податоци на секој телефонски повик, порака и е-пошта.

    Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската влада создаде систем на масовно следење.

    Ова не е прв пат американската влада да казни поранешни вработени за неовластено протекување информации.

    Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност, кој објави книга за претседателот Доналд Трамп, се соочува со сличен обид на Министерството за правда да ги врати приходите од објавување и продажба на книгата.

    Сноуден, кој моментално живее во Русија, заработи повеќе од четири милиони долари од продажбата на книгата и авторските права. Неговите говори, од кои имаше повеќе од педесет, беа плаќани во просек по 8.000 долари.

    Адвокат на поранешниот соработник на НСА рече дека договорот склучен помеѓу Сноуден и судот не значи дека американската влада може веднаш да му ги одземе парите, бидејќи тој ја разгледува жалбата против претходната одлука на судот за одговорност за објавување на книгата, пренесува РТС.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично