ПОВЕЌЕ

    Сметките за струја повисоки за најмногу еден процент, најважна е ценовната стабилност на домаќинствата

    Време зa читање: 2 минути

    За седум проценти се намалува делот од мрежарината што го плаќаат домаќинствата и 90 отсто од малите потрошувачи. Надоместот за користење на електродистрибутивниот систем се намалува за 5,52, а за користење на преносниот систем се зголемува за 5,67 проценти. Повисока за 19,8 насто ќе биде цената на операторот. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти промените кои имаат влијание врз цената што од први јануари ќе важи за граѓаните и за сите мали потрошувачи, односно зафаќаат околу 38 проценти.

    „Оној дел што е најбитен за домаќинствата и за најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, таму имаме намалување за седум проценти. Во однос на останатите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68 насто, при што влијанието на крајната цена е четири проценти. Цента за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52 отсто, а влијанието на крајната цена изнесува 33 проценти. И цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8 насто, кадешто влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19 проценти“, изјави Бислимоски.

    Според него, најважно е да се обезбеди ценовна стабилност за домаќинствата, по што ќе се насочат кон стабилизација на ЕСМ.

    „Овие цени значат дека нема да има поголемо просечно покачување на електричната енергија повеќе од еден процент за крајните корисници“, нагласи Бислимоски и додаде дека опцијата воведување на уште еден час во рамките на евтината дневна тарифа, ќе се разгледува напролет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично