ПОВЕЌЕ

    Смел потег на Халк банка – Лидерските позиции доверени на колегите од подмладокот

    Време зa читање: 2 минути

    Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази – е новиот состав на Управниот одбор кој ќе раководи со Халк банка. Младиот тим ја доби довербата од колегите да се вклучи во реализацијата на долгорочната визија за раст и развој на Банката.

    Халк банка АД Скопје донесе одлука за промена на менаџерскиот тим, сигрна дека со овој смел потег ќе се овозможи континуитет на досегашното успешно работење.

    Халк банка сега располага со актива од речиси 1,4 милијарди евра. А, од самото појавување на македонскиот финансиски терен креираат слика на посветеност, стабилен раст и пазарна ориентираност. Со сето тоа и со поддршката од матичната куќа стане дел од големата банкарска петорка и една од системски значајните банки во државата.

    Во таа насока голем е уделот и на досегашните членови на УО – Турхан Адеми, Букет Геречџи и Томче Тасевски. За нив од Банката велат дека имале исклучителен придонес во креирањето на успешната приказна. Со одлуката од Надзорниот одбор добиваат наследници од редовите на своите помлади колеги, на кои им се дава шанса со стекнатите искуства и ескпертиза, енергијата да ја насочат кон лидерските позиции на Банката.

    Како што нагласуваат од Халк банка, се создава можност за кадровско поместување во раководните структури, за кариерно напредување и за развој на персоналот во компанијата –пракса за која Халкбанк постојано се залага.

    Големи се очекувањата од новите членови на УО – да продолжат со успешната работа како и нивните претходници, што ќе овозможи натамошен раст и остварување на заедничката визија. За таа цел започнува редовната постапка за нивно лиценцирање од страна на Народната банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично