ПОВЕЌЕ

    Словенија ја издаде првата одржлива обврзница вредна една милијарда евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Словенија успешно ја издаде првата одржлива обврзница во која средствата од емисијата се наменети за финансирање на исклучиво одржливи проекти. Рочноста е 10 години, а приносот до достасување е 0,170 проценти.

    Според Министерството за финансии, ова е пресвртна трансакција. Словенија прва издаде одржлива обврзница меѓу земјите од Централна и Источна Европа, и втора меѓу земјите-членки на ЕУ.

    Приливите од издадените одржливи обврзници се користат за финансирање на еколошки и социјални проекти и промовирање и развој на домашните и меѓународните зелени пазари. Патем, тоа е финансиски инструмент што е ист како и останатите државни обврзници.

    Успешната трансакција, со која побарувачката надмина 8,4 милијарди евра, е доказ за силната доверба на институционалните инвеститори во Словенија, особено за нејзиниот фокус кон природната средина и социјалната транзиција, додаде Министерството. Интерес покажаа повеќе од 210 инвеститори.

    Обврзницата со ознака РС88 беше издадена со купон од 0,125 проценти со јаз од седум основни поени над средниот курс. Приносот до достасување е 0,170 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично