ПОВЕЌЕ

    Даночниот експерт Лазовски: Најуспешните најдобро минуваат со даноците

    Време зa читање: 2 минути

    Вистинската слобода и добрата иднина се чинители на одговорноста. А одговорноста доаѓа со  даноците со кои ги надградуваме општите добра и добрата од општа корист.

    Најзначајна одговорност е онаа за сопствената сиромаштија. Кога и тој ќе стане одговорен ја  снемува сиромаштијата. Светот може да се сфати и овој начин: Одговорни граѓани во даночно уредени земји и неодговорни во земји со мали даноци.

    Слободата и демократијата имаат големи побарувања од даноците. До нив се стигнува само со големи даноци.

    Даноците не се условуваат. Тие ги поразуваат условите: корупцијата, сивата економија, трошењето на незаслуженото. Не ги отенчувајте во борбата, треба да победат што побрзо, за доброто на сите, а најповеќе за оние кои условуваат.

    Штом зборува дека даноците му се големи – тој не е слободен, ниту е многу успешен. Само носи  преширок костум на својата ситна снага. Најуспешните најдобро поминуваат со даноците. А и даноците ги сакаат најуспешните.

    Само даноците се најреалната реалност, сѐ друго е демагогија и непотребно.

    И понатаму терајте политики на ниски даноци, за да бидеме подолу од подолното, ако веќе не  сме таму. Некој доби + 78% и нека биде, но барем да имаше прогресивно оданочување, барем и нешто + за добрата од општа корист, за да ни биде сѐ поубаво. И ќе биде, секако.

     

    ФБ статус на пензионираниот даночнен експерт Славко Лазовски

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично