АД ЕВРОПА СКОПЈЕ при изготвување на финансиските извештаи за 2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредбено со претходната година.
Во периодот од 01.01. до 31.12.2021 година компанијата ги оствари следниве финансиски резултати:
2020 г | 2021 г | Индекс | |
Бруто приходи | 834.530.497 | 875.663.926 | 104,9 |
Бруто расходи | 746.415.157 | 807.634.073 | 108,2 |
Добивка пред оданочување | 88.115.340 | 68.029.853 | 77,2 |
Данок на добивка | 7.356.373 | 7.414.943 | 100,8 |
Нето добивка | 80.758.967 | 60.614.910 | 75,1 |
Во 2021 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 875.663.926 денари и се зголемени за 4,9% во однос на бруто приходите од 2020 година.
2020 г | 2021 г | Индекс | |
Оперативни приходи | 801.336.741 | 840.685.745 | 104,9 |
Останати приходи | 13.021.752 | 2.942.567 | 22,6
|
Финансиски приходи | 6.907.152 | 7.344.261 | 106,3 |
Вкупно | 821.265.645 | 850.972.573 | 103,6 |
Вкупните оперативни приходи за 2021 година се зголемени за 4,9% во однос на истите во 2020 година. Останатите приходи се намалени за 77,4%, а кај финансиските приходи зголемувањето е 6,3% во однос на 2020 година.
АД ЕВРОПА Скопје за 2021 година оствари добивка во износ од 60.614.910 денари и е помала во однос на претходната година за 24,9%.
Вкупните расходите се зголемени за 8,2% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2021 година се зголемени за 8%, а финансиските расходи се намалени за 31% во однос на 2020 година.
Годишното собрание на акционери на АД ЕВРОПА СКОПЈЕ одобри пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2020 година на износ од 13.802.040 денари односно бруто дивиденда по акција 60 денари. АД ЕВРОПА Скопје на акционерите им исплаќа дивиденда само откако ќе се исплатат сите обврски на друштвото и трошоци за капиталот. Во досегашното работење на АД ЕВРОПА Скопје, водејќи се од начелото на резидуална дивидентна политика, на акционерите им исплаќа дивиденда согласно законски предвидената постапка која во годишниот извештај за 2021 година e изрично потенцирана.
Кредитната задолженост на компанијата е ниска, бидејќи има намалување на долгорочните кредити за 38% во однос на 2020 година, кои се наменети за инвестиции.
Планот за вкупната продажба за 2021 година е остварен со 103,8%, а надминат е и планот за производството за 6,2%.