ПОВЕЌЕ

    Скопски пазар влегува во бизнисот со кабли – ја презема фабриката ОНЕ Кабле

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврдува дека планираната концентрација, односно преземањето на друштвото ОНЕ Кабле Ф Ј ДОО Скопје од страна на Скопски пазар АД Скопје, е во согласност со Законот за заштита на конкуренцијата и нема да ја наруши пазарната конкуренција.

    „Се утврдува дека концентрацијата со која Скопски Пазар… има намера да стекне единствена контрола директно над Друштвото за производство трговија и услуги ОНЕ КАБЛЕ Ф Ј ДОО Скопје…, иако потпаѓа под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата нема да има за последица значително спречување, ограничување или нарушување на ефективната конкуренција на пазарот или на негов суштински дел, особено како резултат на создавање или зајакнување на доминантната позиција на учесниците…“, наведуваат од КЗК.

    Познато е, под капата на Скопски пазар се зелените пазари во главниот град, а издава и деловен простор. Управува со над 2.500 продажни места и околу 50.000 квадратни метри деловен простор. Компанијата има и едно поврзано друштво – Делта Инвест 14 ДООЕЛ Скопје, основано во 2025 година, кое се занимава со изнајмување и управување со недвижен имот.

    Од друга страна, Оне Кабле е фабрика за производство на кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија. Опремена е со најмодерна технологија, а производствените линии користат чисти бакарни проводници. Друштвото има и подружница – производствен погон во индустриската зона во Сарај, наменет за производство на електрични жици и кабли.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично