Скопски Пазар АД Скопје за периодот јануари – март 2021 година остварил позитивен
финансиски резултат искажан во неревидиран и неконсолидиран Биланс на успех.
Вкупни приходи
Остварени вкупни приходи во периодот јануари – март 2021 година изнесуваат 72.393 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 4%. Вкупните приходи се од тековното редовно работење на компанијата. Скопски Пазар АД Скопје за периодот јануари – март 2021 година остварил добивка од 20.257 илјади денари, што преставува зголемување од 3% во однос на истиот период од минатата година.
Вкупни расходи
Вкупните расходи за периодот јануари –март 2021 година изнесуваат 52.136 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 5%. Зголемувањето на вкупните расходи се должи на зголемување на оперативните расходи за 6%.
Дивиденда
За распределба на остварената добивка за 2020 година ќе се одлучува согласно предложените одлуки на претстојното Годишно собрание на акционери закажано за 31.05.2021 година.
Инвестиции
Во 2021 година е продолжено со имплементирање на проектот Реконструкција на Бит Пазар во континуитет како што е предвидено со планот за реконструкцијата на објектот.
СКОПСКИ ПАЗАР АД СКОПЈЕ
Светската пандемија со Ковид-19 има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија. Со оглед на тоа дека основната дејност на Скопски пазар АД Скопје е издавање и управување со сопствен недвижен имот, а објектите што се даваат под наем се користат од компании погодени од економската криза, се очекува стагнација на приходите и потешкотии во наплатата на побарувањата во оваа година. Компанијата презеде низа мерки кои би го одржувале нивото на ликвидност со цел непречено одвивање на оперативните активности на компанијата.