Приходите зголемени за високи 159, добивката за уште повисоки 470 проценти. За една година. „Скопски пазар“ ја поби старата народна – „домашниот и есапот на пазар не е секогаш ист“.
Акционерското друштво резултатите ги „вади“ од изнајмувњето на 2.700 тезги распоредени на 12 зелени пазари, но и од деловниот простор со кој располага, а зафаќа површина од 55 илјади квадрати. Полугодишниот есап вели дека сето тоа донело приливи од 480.406 илјади денари или 7,8 милиони евра. А, добивката која бележи огромен скок, изнесува 343.844 илјади денари, одосно близу 5,6 милиони евра.
И трошоците се зголемени, но тука процентот е едноцифрен. Во споредба со првото шестмесечие од 2023, во годинешното расходите се повисоки за девет насто и достигнуваат 136.562 илјади денари (2,2 милиони евра). Тој раст се образложува со нагорните движења кај оперативните трошоци кои, пак, се поттикнати од поголемите оперативни активности. Притоа, се наведува дека редовно се намируваат тековните обврски, во кои спаѓаат и оние кои се однесуваат на 133 вработени. Бројката на ангажираните е з пет отсто помала од истиот лански период, но затоа расходите по таа основа се повисоки за 11 насто.
Во шестте месеци „Скопкси пазар“ реализирал инвестиции од 55.070 илјади денари (речиси 895 илјади евра). Исто така, и добивката остварена од ланското работење, во износ од над 1,9 милиони евра, не завршила како дивиденда за акционерите, туку е распределена за вложување. Според есапот – значајно да се подобрат севкупните деловни резултати.