ПОВЕЌЕ

    СКАП ЖИВОТ, СИРОМАШНО МЕНИ: Половина од парите одат за храна, на трпезата леб и компири, рибата реткост

    Време зa читање: 2 минути

    Само за храна македонските семејства годинава потрошиле 148.506 денари, или над 2.400 евра. Во комплет со безалкохолните пијалаци износот е 159.750 денари, односно 2.600 евра. Задоволувањето на најосновните потреби зафаќа повеќе од половина од семејниот буџет, затоа што статистиката утврдила дека сумата на употребени средства е 323.051 денар (речиси 5.300 евра). Втората највисока ставка се режиските трошоци – станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива со 25.663 денари. Притоа, треба да се напомене, расположливиот фонд на парични средства бил 649.210 денари (10.600 евра).

    Според асортиманот, најмногу пари се потрошени за набавка на месо – 38.397 денари на годишно ниво. За млеко, млечни производи и јајца годишната сметка е 30.411 денари. Следуваат производите од жито со 25.079 денари, па потоа зеленчукот со 21.373 денари. Најмалку пари годинава се дадени за риба – 4.369 денари.

    Во текот на годинава семејствата купиле и изеле 172,3 килограми леб, 64 килограми компири, 70,2 килограми јужно овошје, 40,6 килограми живина, 16 килограми смрзната риба.

    Употребени се 38,3 килограми масло за јадење. Кунсумирани се 76,2 килограми кисело млеко и јогурт. Во исхраната се употребени 609 јајца.

    Потребата за нешто слатко е намирена со 22.7 килограми чоколада и кекси. Испиени се годинава 181,6 литри безалкохолни пијалаци и 28,6 литри пиво. Исто така и 7,8 килограми кафе и какао.

    Сите овие и уште многу интересни податоци што го отсликуваат животот и стандардот во земјаава се застапени во најновиот Статистички годишник 2025 на Државниот завод за статистика. Фактите произлегле од Анкетата за потрошувачката на домаќинствата, во која се опфатени 5.040 домаќинства. Анкетирани се 2.914 семејства, а оценети семејства се 598.632. Меѓу нив 92,7 проценти или 555.079 се неземјоделски, 5,2 проценти се мешовити (31.373), а два проценти се земјоделски (12180).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично