ПОВЕЌЕ

    Скандал ја тресе Шведска: Протекоа податоци за милион клиенти на најголемата осигурителна компанија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Приватните податоци на околу милион клиенти на најголемата шведска компанија за осигурување „Фолксам“, случајно протекоа во неколку најголеми светски технолошки компании.

    „Фолксам“, кој осигурува 50 проценти од шведските домови и индивидуалци, сподели податоци со технолошки гиганти како што се „Фејсбук“, „Гугл“, „Мајкрософт„ и „Линкдин“.

    „Она што се случи го сфаќаме сериозно. Веднаш престанавме да ги споделуваме овие лични податоци и побаравме нивно бришење. Податоците вклучуваат броеви за социјално осигурување, кои често се користат во Шведска за секојдневни активности, вклучително и банкарство, како и информации за тоа кој купил осигурување за бременост“,  изјави шефот за маркетинг на Фолксам, Јенс Викстром.

    Фолксам рече дека досега немало индиции дека протечените информации биле користени од трети лица на неправилен начин, односно дека биле злоупотребени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично