ПОВЕЌЕ

    ШК Алкалоид: Упис на деца од 6 до 12 години во јуниорските шаховски школи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Шаховскиот клуб Алкалоид врши упис на нови членови во јуниорските шаховски школи за учебната 2025/26 година. Целна група се јуниори на возраст помеѓу 6 и 12 години, кои ќе учат и навлегуваат во оваа сложена мисловна игра под водство на најдобрите македонски шахисти и лиценцирани шаховски ФИДЕ тренери.

    Предавањата ќе почнат на 15 септември и ќе се одржуваат во просториите на ШК Алкалоид, на ул. Јордан Мијалков бр. 40 А, Скопје. А, понудени се следните термини:

    • вторник и четврток од 19:00 до 20:30 часот,
    • среда и петок од 18:00 до 19:30 часот или
    • среда и петок од 19:30 до 21:00 часот

    Заинѕтересираните може да се пријавите на е-маил адреса: [email protected]. Притоа, задолжително треба да се наведат име и презиме на детето што се запишува, датумот на раѓање, име и презиме на родителот и контакт број или е-маил адреса.

    Месечната членарина за посета на шаховските предавања изнесува 1.500 денари. За второ дете од исто семејство се плаќаат 1.000 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично